3.350 учеснички на Авицена Женска Трка го растрчаа Скопје
Во Скопје денеска се одржа 14. издание на „Авицена Женска Трка“, на кое, според информации на организаторите, учествуваа 3.350 жени и девојки. Трката стартуваше во 10 часот на булевар „Илинден“, кај фонтаната „Лотос“, каде што беше поставена и целта, а се трчаше на патека долга 3 километри. Настанот се одржа со аеробик загревање пред стартот и со посебен










