Вардар 1961 со победа ја заврши сезоната во Лига Европа
Ракометарите на Вардар 1961 со победа ја завршија сезоната во Лига Европа. Црвено-црните во реваншот го победија Монпелје со 27:24, недоволно да се надомести поразот од 10 гола во првиот меч. Вардар 1961 одигра брилијантен натпревар, со многу темпо и одличниот Влах на голот. На полувремето црвено-црните ја преполовија предноста на Монпелје (17:12)










