Во Охрид се одржа првиот саем на плочи
Првото издание на саемот на плочи „Охрид 33/45“ собра љубители на музиката од различни генерации и го претвори Охрид во место за средба на колекционери. Организаторите велат дека за повозрасните, плочите и препознатливиот аналоген звук беа потсетување на омилените албуми и едно поинакво музичко време, а за помладите посетители винилот бил ново откритие









