Од февруари 2026 година ќе се наплатува пристап до фонтаната ди Треви во Рим
12 Туристите во Рим кои сакаат да ја посетат фонтаната ди Треви ќе мора да плаќаат надомест од две евра, најави денеска градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери. Тој изјави дека новиот систем за наплата ќе започне да важи од 1 февруари следната година и дека се очекува мерката да донесе околу 6,5 милиони евра годишен приход, пренесува агенцијата Ројтерс









