Ако пријавиш уште еднаш, ќе одговараш кривично за лажно пријавување закани и насилство, Ѝ се заканиле полицајците на Ивана Стојаноска неколку часа пред да се самоубие
Сведокот Мартин Саздов, пред чии очи на 2 март се случи самоубиството на жртвата на повеќегодишното семејно насилство Ивана Стојаноска и на нејзината 6-годишна ќерка Катја, по укажувањето помош откако му се слоши во судницата почна да сведочи за последните 24 часа од животот на двете незаштитени жртви. Саздов бил пријател со Ивана и нејзиниот сопруг








