Берокал: Секогаш е убаво кога ќе се почне со победа, но секако дека има простор да се подобруваме во иднина
Шпанскиот стратег Жозеп Мариа Берокал имаше успешно деби како селектор на македонската кошаркарска репрезентација откако во салата „Градски парк“, нашиот национален тим славеше над Луксембург. „Секоја победа е важна. Не смее да заборавиме дека бевме заедно само четири дена. Видов некои добри работи, имавме добра одбрана, добро се движевме на теренот,


