Шокантен пораз на Зверев
Германскиот тенисер Александар Зверев го доживеа еден од најболните порази во сезоната, бидејќи беше елиминиран од Италијанецот Флавио Коболи во полуфиналето на АТП турнирот во Минхен со убедливи 2:0 (6:3, 6:3). Третиот играч во светот целосно потфрли пред домашната публика и остави впечаток на тенисер кој е далеку од формата потребна за рамноправна

