Залудни 40-те поени на Дончиќ, О’Нил им пресуди на Лејкерси
Феникс Санс ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 113:110 во драматична завршница, а херој на натпреварот беше Ројс О’Нил, кој погоди тројка на 0,9 секунди до крајот. Феникс испуштија двоцифрена предност во финишот, но на крајот сепак дојдоа до значајна победа во борбата за плејофот. Најефикасен играч во победничкиот тим беше Ален со 28 поени, од кои








