Космичкиот детектив CHEOPS доби уште три и пол години за откривање на тајните на егзопланетите
Европската вселенска агенција (ESA) донесе одлука која ги израдува астрономите ширум светот – вселенскиот телескоп CHEOPS (Characterising Exoplanet Satellite), ја продолжува својата мисија до крајот на 2029 година. Ова ново продолжување е директен резултат на неговите извонредни научни достигнувања кои ги надминаа сите очекувања. Рубрика: Астрономија

