Герасимовски: На буџетскиот форум центарци побараа повеќе зеленило и уредување на потегот кај Зелен пазар
Општина Центар го одржа вториот буџетски форум, каде граѓаните покажаа голем интерес и активно учествуваа во дефинирањето на приоритетите за 2026 година. Форумот, што се одржа во ООУ „Димитар Миладинов“, помина во конструктивна атмосфера со отворена дискусија меѓу администрацијата, раководството на општината, советниците и присутните жители, велат





