Прилепчанец со нож упатувал закани и пружал отпор на полициски службеници, кои вршеле службени дејствија
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.В.(57) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“. На 09.09.2026, пријавениот со нож упатувал закани и пружал отпор на полициски службеници, кои вршеле службени дејствија – информира МВР.










