Историски успех за Никола Мицевски: Прв Македонец во финалето на светските музички награди во Лос Анџелес
Македонскиот композитор и пијанист Никола Мицевски испиша нова страница во домашната музичка историја, пласирајќи се во финалето на престижните светски музички награди InterContinental Music Awards (ICMA) во Лос Анџелес. Со тоа, тој стана првиот македонски музичар што успеал да обезбеди место меѓу финалистите на ова реномирано меѓународно натпреварување





