Битолчани добија големо засилување: Лука Савичевиќ од НЦАА во Пелистер
Екипата на Пелистер продолжува со градење на тимот за новата сезона. Најново од таборот на битолчани е македонскиот репрезентативец, Лука Савичевиќ, кој доаѓа од НЦАА-лигата. Неговиот кам-бек во Македонија ќе биде од големо значење и за националниот тим. „Ни претставува особено задоволство што уште еден млад македонски кошаркар го прифати предизвикот

