Следниот викенд ќе се одржи третиот Меѓународен меморијален турнир „Алексо Огненоски“
Охрид, 29. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охрид следниот викенд ќе биде домаќин на третиот Меѓународен меморијален турнир „Алексо Огненоски“. Турнирот ќе се одржи во сабота, на 10-ти мај 2025 година со директен пренос на Arena Fight. Според најавите од организаторите, првата сесија ќе започне во 14:00, а втората од 19:00 часот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: