„Профундис“ од Скопје и „Камерата“ од Нови Сад вечерва за првпат заедно на сцената на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ
Вечерва, во 20:00 часот, во Големата сала на Македонската филхармонија, Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Музичарите од двата града ја споделуваат сцената во изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер.







