Скопје танцуваше во ритамот на 1980-тите: „Дјуран Дјуран“ нè одведоа на незаборавно музичко патување
Постојат концерти што се паметат по добриот звук, а постојат и такви што се паметат по чувството. Настапот на легендарните „Дјуран Дјуран“ во арената „Борис Трајковски“, во организација на „Авалон продукција“ , беше токму таква вечер – вечер во која времето како да застана, а неколку илјади луѓе за час и половина повторно ги проживеаја осумдесеттите








