Портрет со добитникот на „Златен венец“ на 65-тите Струшки вечери на поезијата Анеке Брасинга во црквата „Света Софија“ во Охрид
Во црквата „Света Софија“ во Охрид синоќа (сабота, 27 јуни) се одржа традиционалното поетско претставување на лауреатот на највисокото фестивалско признание на Струшките вечери на поезијата „Златен венец“ за 2026 година, холандската поетеса Анеке Брасинга. На претставувањето присуствуваше претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова










