МНТ играше од срце, Никшиќ одговори со искрен аплауз
Вчеравечер, на отворањето на 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, ансамблот на Македонскиот народен театар ја изведе претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат. По изведбата, актерите беа поздравени со срдечен аплауз од никшичката публика, искрено признание за уметничката посветеност и заедничкиот труд на







