Омилената есенска крем супа од тиква, по рецепт на Виктор Настески, шеф на кујна на крузер и неговата ќеркичка
„Тато ти си кромид“ – вели слатко со насмевка ќеркичката на Виктор, во видеото во кое заедно готват крем супа од тиква и го споделува рецептот за сите кои сакаат да си ја направат во есенскиот период. Виктор Настески од Скопје работи како шеф на кујна на крузери веќе 25 години. Периодов тој е дома и често на социјалните мрежи споделува рецепти кои

