Прва скопска ТВ: Локалниот пат Бујковци – Мршевци комплетно саниран
Завршена е реконструкцијата на локалниот пат Бујковци – Мршевци, а градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски изрази задоволство што овој проект е реализиран за помалку од 2 месеци. Реконструкцијата опфати целосно санирање и асфалтирање на пат во должина од преку 1.100 метри.