Александар Русјаков: Егосурфер е професија – звучи чудно, но во фантастиката ништо не е чудно
„Научната фантастика не треба да ја предвиди иднината, туку да ја спречи.“ Со оваа мисла на Реј Бредбери, авторот Александар Русјаков вчеравечер (18 февруари) ја заокружи промоцијата на својата нова книга „Егосурфер“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Настанот се одржа во преполната книжарница „Литература.мк“ во „Дајмонд





