ЗНМ и ССНМ: Одбивање на жалбата на ИРЛ од Апелациониот суд Скопје дополнително нè мотивира да стоиме зад истражувачкото новинарство
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост за судскиот притисок кон независното истражувачко новинарство, по денешната одлука на Апелациониот суд Скопје со која е одбиена жалбата на ИРЛ. Во овој момент, според јавно достапните информации, одлуката на





