Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар полесно повредена во сообраќајна несреќа при враќање од Хрватска
Наташа Пирц Мусар се здобила со полесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера додека се враќала од годишен одмор во Хрватска. По превентивно задржување во болница, денеска е пуштена на домашно лекување. Несреќата се случила во тунелот Кастелец, додека претседателката патувала кон Коменда, каде што требало да присуствува како почесна покровителка










