Британското кралско семејство доби нов член: Принцезата Јуџини роди ќерка
Принцезата Јуџини и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк станаа родители на трето дете. Девојчето е нивната прва ќерка, а името сè уште не е објавено. Британската принцеза Јуџини, внука на кралот Чарлс III, роди девојче во Лисабон, соопшти Бакингемската палата. Ова е третото дете на Јуџини и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк, а воедно и нивната прва ќерка.




