Дијамантот „Мелон блу“ продаден за 21 милион евра на аукција
Оваа луксузна уметност на природата со десетлетија ѝ припаѓала на Рејчел Ламберт Мелон (1910 – 2014) – позната и како Бани, американска хортикултурна инженерка, филантроп и колекционерка на уметнички дела, можеби најпозната по нејзиниот проект за редизајнирање на градината со рози во Белата куќа во 1961 година, по барање на тогашниот американски претседател




