Без вода попладнево една скопска населба
ЈП Водовод и канализација известува дека попладнево со прекин во водоснабдувањето ќе бидат корисниците на Злокуќани. Оттаму информираат дека поради дефект на затворач на улицата Скупи, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Злокуќани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:40 до завршување со санација на дефектот.









