Војна со резолуции во Собранието: ВМРО-ДПМНЕ бара осуда за манипулациите, СДСМ обвинува за „мигранти за пари“
Резолуција со која се осудуваат манипулациите на опозицијата и се потврдуваат политиките против нелегалната миграција, вчера до македонското Собрание поднесе владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Според координаторот Никола Мицевски, документот содржи девет точки и има за цел да стави крај на „измислената тема“ за наводни договори и изградба на кампови










