Муцунски на IDU Форумот во Загреб: „Европа мора да направи исчекор кон проширување“
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Загреб, Хрватска, учествуваше и се обрати на форумот организиран од страна на Интернационалната демократска унија (International Democracy Union – IDU). Форумите на Интернационалната демократска унија обединуваат носители на политики, високи партиски










