Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб
Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи засновани на меѓусебна почит и доверба, интензивен политички дијалог и конструктивна соработка во сферите од заеднички интерес










