Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром: „Не е тој поинаков, ние сме“
Пејачката Марија Шерифовиќ сподели еден од најемотивните моменти од својот концерт во Сава Центар во Белград. Таа на сцената запеа заедно со младиот Бакир, момче кое има Даунов синдром, истакнувајќи дека тоа за неа било огромна чест. „Мојот Бакир. Постојат луѓе кои доаѓаат на овој свет за да нè потсетат што значи љубов. Онаа најчистата. Без страв.


