Синнер го освои Мајами Опен
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Чехот Јиржи Лехечка синоќа во финалето на Мастерсот во Мајами. Мечот траеше 1 час и 34 минути и заврши со резултат 6:4 и 6:4. Ова е 26-та титула во кариерата на Синнер и неговата седма во категоријата АТП 1000. Тој го комплетираше „сончевиот дабл“ со освојување на Индијан Велс и Мајами Опен во истата година










