Битолскотo КУД „Илинден“ вицешампион на светскиот натпревар во Истанбул
Македонија на ова престижно светско натпреварување во Истанбул, Турција, беше претставена со внимателно избрана програма составена од женската ороводна песна „Седело Ѓуре“, прочуеното машко оро „Копачка“ и сценската адаптација „Русински мегдан“. Наградата е уште позначајна со оглед на тоа дека е добиена во исклучително силна меѓународна конкуренција

