Премиерата на „Д (како Дездемона)“ на Рисима Рисимкин ќе се одржи на „Денови на македонски кореографи“
Во рамки на „Денови на македонски кореографи“, кои се во организација на Националната опера и балет и со поддршка на Министерството за култура и туризам, на 24 април, во 20 часот, на Малата сцена на НОБ ќе се одржи премиерата на претставата „Д (како Дездемона)“ во кореографија на Рисима Рисимкин, која година одбележува 45 години уметничко творење.