Општина Центар е подготвена сама да се грижи за хигиената доколку Градот нема решение
Општина Центар е подготвена да ја преземе надлежноста за одржување на хигиената доколку Градот не ги извршува своите обврски, порача градоначалникот Горан Герасимовски во телевизиско гостување. Тој посочи дека Општината има капацитет и јасен план како самостојно да се справи со проблемот, особено во услови на влошена состојба со јавната хигиена. –










