27-годишник од Свети Николе ја натепал мајка си - полицијата го уапсила
27-годишник од Свети Николе физички ја нападнал сопствената мајка. Од МВР информираат дека вчера во 00:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Н.И.(27) по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


