Македонскиот пејач Ристе Ристески беше гостин на концертите на Тони Цетински во Белград
Македонскиот пејач Ристе Ристески беше гостин на концертите на хрватскиот поп-пејач Тони Цетински во „Сава центар“ во Белград. Цетински одржа три последователни концерти во Белград, а Ристески беше изненадувачки гостин. Македонскиот пејач го испеа хитот на Тоше Проески „Сѐ уште сонувам дека сме заедно“ (Још увијек сањам да смо заједно), а публиката

