„Травијата“ се враќа на Мајските оперски вечери
Оперската класика „Травијата“ од Џузепе Верди ќе биде изведена на 27 мај, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет, во рамките на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Едно од најпознатите дела во светската оперска литература повторно доаѓа пред скопската публика со приказна што повеќе од век и половина ја задржува




