Без вода попладнево дел од една скопска населба
ЈП Водовод и канализација известува дека со прекин на водоснабдувањето денеска ќе бидат дел од корисниците на Сингелиќ. Од таму информираат дека поради уличен дефект на улицата 21/9 во Сингелиќ, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Сингелиќ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:45 часот до завршување со санација на дефектот.








