КИЦ во Софија и Друштвото на писателите потпишаа Меморандум за соработка
Македонскиот Културно-информативен центар во Софија и Друштвото на писателите на Македонија потпишаа Меморандум за соработка, со кој воспоставуваат долгорочно партнерство насочено кон развој на културата, книжевноста и промоцијата на македонското литературно творештво. Документот го потпишаа директорот на КИЦ во Софија, Зоран Пејковски, и претседателката



