Апел за помош: ПОТРЕБНИ СЕ 100.000 ЕВРА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА БЕБЕТО МИХО!
Апел за помош: Здраво, свету! Јас сум Михо и иако сум многу мал, бескрајно ви благодарам за поддршката и надежта што им ја давате на мама, тато и дада. Се родив во седмиот месец заедно со мојата сестра Мина. Нашата приказна е долга… И се надевам дека еден ден, кога сите заедно ќе бидеме дома, мама ќе ви ја раскаже до крај — со насмевка и солзи радосници
Ова е Михо од Прилеп, од раѓање е во болница и води тешка битка за живот – Оваа приказна мора да допре до секого, секој е повикан да ПОМОГНЕ колку што може
Шестмесечниот Михо од Прилеп, кој се родил предвреме заедно со својата сестричка близначка Мина, веќе шест месеци се бори со тешка бактериска инфекција и хидроцефалус. Од денот на раѓањето е во болница, а неговото семејство сега се соочува со нова и исклучително тешка битка – да му овозможи неопходно лекување во Истанбул, Турција. За да се соберат



