Се реконструираат тоалетите во училиштето „Гоце Делчев“ во општина Центар
По повеќе од 10 години, започна целосна реконструкција на тоалетите во училиштето „Гоце Делчев“, информираше утрово градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. „Работиме со забрзано темпо за да обезбедиме современи и хигиенски услови за нашите ученици“, истакна тој во својата објава на социјалните мрежи.