25% од граѓаните не веруваат дека Македонија ќе влезе во ЕУ, 68% од младите планираат заминување од земјава, истражување на “Балкански барометар”
Речиси една четвртина од граѓаните во Северна Македонија сметаат дека земјата никогаш нема да стане членка на Европската унија, покажуваат резултатите од најновото истражување „Балкански барометар“, спроведено на регионално ниво. Истражувањето открива дека евроскептицизмот расте, особено поради долгогодишниот и неизвесен процес на европска интеграција,






