Цените на нафтата нагло пораснаа поради судирите меѓу Израел и Иран
На светските берзи, цените на нафтата во петокот забележаа остар раст, откако ескалираа тензиите помеѓу Израел и Иран со серија меѓусебни напади. Израелските воздушни удари врз ирански воени и нуклеарни постројки, проследени со ирански ракетен напад врз Тел Авив, предизвикаа вознемиреност кај инвеститорите и зголемени стравувања од понатамошна ескалација