Антонели по првата Формула 1 победа: Ја вратив Италија на врвот!
Возачот на Мерцедес, тинејџерот Андреа Кими Антонели, изјави дека е пресреќен што ја остварил првата победа во кариерата во Формула 1, и што ѝ го донесе на Италија првиот триумф по пауза од 20 години. „Без зборови сум, речиси плачам. Многу им благодарам на мојот тим затоа што ми помогнаа да го остварам мојот сон. Пресреќен сум што сум првиот Италијанец










