Полицајци ги забележале како од возилото исфрлиле две пакувања хероин - уапсени тројца гостиварци
Лишени од слобода три лица од Гостивар кај кои била пронајдена дрога ноќеска. Од МВР информираат дека ноќеска во 00:10 часот кај наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Е.Е.(40), Б.С.(48), двајцата од Гостивар и Ќ.Р.(70) од с.Врањовци, гостиварско.




