Харвард ќе плати 53 милиони долари- директорот на капелата продавал делови на тела, донирани на факултетот
Се очекува предложената спогодба, која беше сослушана во судот во Бостон во понеделник, да стави крај на групната тужба поднесена против Медицинскиот факултет Харвард откако поранешниот директор на мртовечницата Седрик Лоџ (58) се изјасни за виновен за кражба и продажба на човечки останки на црниот пазар. Купувачи пронајдени во Пенсилванија и Масачусетс
Скандал го тресе престижниот универзитет: Човечки тела донирани на Харвард за истражување завршиле на црниот пазар
Универзитетот Харвард се согласи да плати 53 милиони долари за решавање на тужбите од семејствата кои го обвинија универзитетот за неправилно ракување со телата на нивните починати членови, донирани на Медицинскиот факултет за истражувачки цели. Предложената спогодба, дискутирана во судот во Бостон во понеделник, треба да стави крај на колективната


