Уличен дефект остави без вода неколку згради на скопски булевар
Од скопски Водовод известуваат дека попладнево поради уличен дефект ф-80мм на бул.Видое Смилевски Бато 75, прекинато водоснабдување ќе имаат зградите од бр.1 до бр.91 од булеварот. Водоснабдувањето е прекинато од 15:15 часот, а прекинот ќе трае до завршување со санација на дефектот.

