Ѓоковиќ е еден од предводниците на бунтот кој може да го смени тенисот
Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер, Арина Сабаленка и Коко Гоф предводат група од 20 највлијателни играчи во машката и женската конкуренција кои започнаа невиден медиумски протест, барајќи радикална промена во распределбата на добивките од турнирите. Бунтот е внимателно испланиран за да нанесе максимална штета таму каде што најмногу боли – во сферата на маркетингот



