Едмонд Сотир го презеде раководството на Театар Комедија
Театар Комедија доби нов директор – актерот Едмонд Сотир. Мандатот на досегашниот директор, драматургот Дарко Спасов заврши и тој вчера му ја предаде должноста на својот колега. – Му благодариме на Дарко Спасов за досегашниот ангажман и големиот придонес во Театар Комедија. На Едмонд Сотир му посакуваме многу успех – соопшти Театарот.






