Велешкиот алпинист Бобо Димовски е херојот кој го спаси повредениот алпинист кај Демир Капија
Кога од карпите се слушнаа повици за помош, не размислуваше долго. Се искачи до повредениот, го спушти на безбедно и помогна во спасувањето на човек чиј живот беше во опасност. Саботата околу пладне, спортското искачување по карпите над Вардар, во кањонот кај Демир Капија, се претворило во спасувачка акција откако српски алпинист паднал при искачување








